Крадец корнел и носел дома делови од канделабри во Битола, ги однел и звучниците од фонтаната

Фото: Atlantida81 / Wikipedia

Битолската полиција го уапси 37-годишниот битолчанец Д.О., кој е осомничен дека извршил две тешки кражби во центарот на градот и шеталиштето, објави „СДК.мк“.

Според полицијата, тој украл повеќе предмети, меѓу кои и метални делови од големата фонтана која е дел од споменичната целина на Филип Втори во центарот на градот, засилувачот и звучниците од фонтаната, како и улични канделабри од шеталиштето.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од украдените предмети, кои ќе ѝ бидат вратени на општината.

Лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена кривична пријава, вели СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот