Ковакс механизам: Прибрани над две милијарди долари за вакцини за сиромашните земји

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Глобалната иницијатива Ковакс, заеднички покрената од Светската здравствена организација (СЗО) и од Алијансата за вакцини (ГАВИ), ја надмина својата цел да собере повеќе од две милијарди долари за купување и дистрибуција на вакцини против ковид-19 за сиромашните земји, но посочува дека финансиски средства сè уште недостасуваат.

Досега, вкупно 184 земји учествуваат во инструментот Ковакс, од кои 92 се земји со низок и среден приход, квалификувани за пристап до вакцини за ковид-19 во рамки на т.н. „Заложба за напредување на пазарот” (АМС).

Финансирањето за АМЦ ќе овозможи Ковакс да купи почетни милијарди дози вакцини за 92 земји што не можат да си го дозволат тоа.

– И државите и поединците ширум светот ги вовлекоа рацете длабоко во своите џебови и ни помогнаа да ја постигнеме нашата цел, нагласи шефот на ГАВИ, Сет Беркли. Сепак, тој предупреди дека итно им требаат средства за лекување и дијагностицирање.

До крајот на 2021 година им требаат дополнителни 5,3 милијарди долари за дијагностика и 6,1 милијарди долари за терапевтски процедури. Потребни им се и други пет милијарди долари во 2021 година за да набават дози вакцина ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот