Ковачевски вели дека жителите на Слупчане се домаќини кои плаќаат сметки, а поединци го организираат бунтот

Фото: Фејсбук, Општина Липково

Во Слупчане има голем број домаќини луѓе кои си ги плаќаат сметките за струја, вели премиерот Димитар Ковачевски. Коментирјаќи ги последните случувања во селото Слупчане, Ковачевски денеска изјави дека нема да дозволат поединци да попречуваат во работата на екипите на Електродистрибуцијата. Според податоците кои ги објави ЕВН, во Слупчане загубите се 80 проценти, а наплатата е 20 отсто.

Од ЕВН бараат гаранција да можат да влезат за одредени лица не ги спречуваат, локалната самоуправа составена од политички партии им ги даде тие гаранции. МВР непречено ја одвива својата работа на територија на општина Липково и веќе се работи на терен, појаснува тој.

„Кога ќе одите на Зелен пазар, Бит пазар или на пазарот во Куманово, вие нема да најдете производ произведен од Аеродром, Центар или произведен во мој Карпош. Производите доминантно доаѓаат од рурални средини, домаќините си ја плаќаат струјата и сакаат, но има поединци кои сакаат да злоупотребат повеќе луѓе во однос на свои цели“, додава премиерот.

Од ЕВН синоќа соопштија дека со помош на министерот за економија, Крешник Бектеши постигнат е договор и екипите на Електродистрибуција ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане.

Жителите на Слупчане останаа без струја, а ЕВН соопшти дека нема да го санираат дефектот додека не се создадат услови за работа со загарантирана безбедност на вработените во Електродистрибуцијата. Поради дефектот, без струја останаа и околните села, но и граничниот премин Табановце.

Жителите на селото испратија и нелогични барања, кои според компанијата се спротивни на законските регулативи.

Тие побара да им се простат досегашните долгови, кои, според податоците на ЕВН, изнесуваат неколку илјади евра. Исто така, бараат и бесплатни нови приклучоци, како и сметките за струја да не им се фактурираат повеќе од 3.000 денари, без разлика колку ќе потрошат, а верските објекти да бидат ослободени од плаќање сметки за струја.

Пред околу три недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.

На почетокот на минатиот месец мештаните од селото го блокираа патот на екипите на ЕВН и не им дозволија да влезат во селото.

Од ЕВН тогаш соопштија дека со ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги оставил и соседните села без струја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот