Ковачевски: Пеналот на празен гол во Брисел не го шутнавме заради опозицијата

Ковачевски во Брисел/ Фото: Влада на РСМ

Сега во Брисел имавме најјасен заклучок од 2005 година до денес. Заклучокот е во еден параграф – Република Северна Македонија успешно го заврши скрининг процесот, штом ќе ја заврши обврската за спроведување на амандманите на Уставот, без одлагање ќе биде свикана втората меѓувладина конференција за отворање на поглавјата. Празен гол, пенал, кој заради опозицијата ние не го шутиравме, ијзави денеска премиерот Димитар Ковачевски во „Студио 10“ на ТВ24.

Во гостувањето во Студио 10 на ТВ24 тој кажа дека она што го прави опозицијата е само замена на тези и бегање од реалноста.

– Нам ни се повтори 2008 година од истите луѓе и политички парии кои тоа време беа против зачленувањето во НАТО и продолжување на евроинтеграциските процеси. Без аргумент и алтернатива велат само ние сме против. Во 2008 година влеговме во процес на антиквизација, место во европеизација. Наместо да одиме 100 години напред, ние отидовме 2300 години назад. Тој процес не изолираше и раскара со сите соседи и не донесе ништо добро за државата, ни во економска смисла немаше напредок, а во демократска смисла имавме уназадување, европските извештаи укажуваа на заробена држава, рече Ковачевски.

Според него, евроинтеграциите се општествен и натпартиски процес, кој не е на еден човек, една партија или една влада.

– Затоа јавно беше кажано дека ние сме подготвени половина од нашите ресори да ги дадеме на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ се сложи да не биде дел од владата. На пресот видовме дека Мицкоски прифати сѐ. Што се случи во меѓувреме не знам, тоа треба да го прашате него, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот