Ковачевски не исклучува нова лидерска средба за уставните измени

Фото: принтскрин

Премиерот Димитар Ковачевски засега не планира, но не ислучува можност од нова лидерска средба за уставните измени и за најзначајните прашања.

„Процесот на уставни измени има своја рамка пропишана со закон и со Устав и тоа  бара експертска и политичка вклученост. Разговори на политичко ниво секако дека постојат и потребен е поширок политички и општествен консензус. Во таа насока беше и лидерската средба која ја свикав пред крајот на минатата година со цел да ги видииме позициите на сите политички партии. Уставните измени  се потребни на државата за да го продолжи својот европски пат до полноправно членство во ЕУ.  Не постои простор за декларативна подршка за ЕУ, како што некој мисли, туку сега треба да имаме навистина политичка поддрша за пристапување, бидејќи кочење на еден таков процес ќе значи дека првпат сами ќе се закочиме. Нова лидерска засега не е пла ирана но не усклучувам таква можност на која ќе може да поразговараме за најзначајните прашања, одговори Ковачевски на новинарско прашање за уставните измени и за можноста од нова лидерска средба.

Тој повтори ддека сме земја која годинава претседава со ОБСЕ и дека вчера министерот за надворешни работи ги претстави приоритетите со претседавањето со ОБСЕ.

На прашањето како до ноември ќе ја убеди опозицијата за носење на уставните измени, Ковачевски вели:

„Сметам дека за 10 месеци може да се направат многу работи. Секој треба да биде одговорен кон државата и граѓаните. Не сум човек којшто дошол на позиција за некого да убедува или разубедува, туку за да ја спроведува стратегијата и целите кои државата ги зацртала пред 31 година. Се водиме од стратегиите и целите на државата за полнправно членство во ЕУ. Убеден сум дека во државата има доволно политичка супстанца која е евроопски мотивирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот