Koвачевски: Мицкоски прави бурек економија – ние не трошиме пари за жални врби и стиропор

Мицкоски уверува дека ќе ги исполни ветувањата и ќе ја подобри економијата

Со колку минимални плати може да се покрие потрошувачката кошничка, дали платата во минатото и платата сега има иста вредност во поглед на инфлацијата, кој каква економија води, напади и препукувања помеѓу Мицкоски и Ковачевски околу животниот стандард во Македонија.

 

„Пандемијата е војната во Украина направи комплетна дисторзија и во светот и кај нас. Знаевме дека постандемично и во услови на војна ќе има повисока инфлација и притоа ги зголемувме и пензиите и платите. Знам дека на луѓето не им е лесно. Но ние просечната плата ја зголемивме за 50 отсто, пензиите исто така, обезбедивме најголеми пакети на антикризни мерки во споредба со сите земји и Македонија успеа да го зголеми стандардот споредено со сите други земји“, рече Ковачевски.

 

Мицкоски чија програма се базира на економски развој, бидејќи, како што вели, власта овие седум години ја пропаднала економијата, уверува дека ќе ги исполни ветувањата ако дојде на власт.

 

„Апсолутно тоа што го ветуваме иќе го исполниме. Пензиите ќе бидат линерано зголемени за 5 илјади денари да немате сомнеж. Направувме план како тоа ќе го сториме. Секогаш СДСМ кога е на власт пензионерите се некако на удар. До сега просечната пензија со просечната плата во владата на СДСМ е некаде околу 54 проценти а треба да е најмалку 60. Во времето на ВМРО – ДПМНЕ не беше така. Со намалување на криминалот кој го вршеше оваа влада ќе ги обезбедиме овие средства. Во времето на ВМРО ДПМНЕ просечната плата реално порасна за 70 евра, а во времето на СДСМ само 10 евра бидејќи инфлацијата ги изеде парите“, вели Мицкоски.

 

Ковачевски дециден, не дозволиле да се случи ценовен шок, минималната плата неколкукратно ја зголемиле.

 

„Во тоа време требало четири минимални плати да се покрие потрошувачка кошница денеска тоа се прави со една просечна и една минимална плата. Господинот Мицкоски прави бурек економија. Во мандатот во најголема криза вративме над една милијарда долгови искористени за скопје 2014 година. Знаете за што беа потрошени за стиропор и жални врби“, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот