Ковачевски и Маричиќ ќе присуствуваат на последната сесија од скрининг процесот во Брисел

Ковачевски/Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ денеска во Брисел ќе присуствуваат на последната сесија од скрининг процесот, која е посветена на Кластерот 6 кој ги опфаќа поглавјата „30 – Надворешни односи“ и „31 – Заедничка надворешна и безбедносна политика“.

Според најавите, премиерот Ковачевски ќе го отвори билатералниот скрининг по овој Кластер, со чие затворање во текот на утрешниот ден и официјално завршува овој процес од преговорите за членство во ЕУ.

Покрај присуството на последната сесија од скрининг процесот, Ковачевски ќе има и работен состанок со европратеници од редовите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) посветен на проширувањето на Европската Унија и важноста на евроинтеграциите за земјава и за регионот.

Вицепремиерот Маричиќ, пак, ќе има работни средби и со потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за промоција на европскиот начин на живеење Маргаритис Схинас и со генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување (НЕАР), Герт Јан Копман.

В петок, Маричиќ ќе присуствува на петтиот состанок на Стратешкиот одбор на Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ) заедно со Копман и со генералниот директор на Одделот за Европа и меѓународна трговија при норвешкото Министерство за надворешни работи, Фроде Оверленд Андерсен. Тема на разговорите ќе биде политиката на проширување на ЕУ со посебен акцент на Планот на ЕК за раст на Западниот Балкан, како и за текот на реформите и останатите актуелни случувања во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот