Ковачевски до Мицкоски: Прво уставни измени, па одиме на избори

фото: МИА, Димитар Ковачевски, Премиер на Северна Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека е можно повторно да има лидерска средба на која ќе учествуваат сите лидери на партиите, но останува на ставот дека сега имаме поважен процес во државата од изборите, а тоа е носење на одлуките за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата.

Ковачевски потенцираше дека прашањето околу изборите веќе е апсолвирано, тие ќе бидат во својот редовен термин.

-Ние можеме уште во понеделник да закажеме седница на Собранието на која ќе бидат изгласани уставните амандмани и истиот ден да се закажат предвремени парламентарни избори. Исто така, на маса е и друг предлог, а тоа е да се почне процесот на уставните измени. ВМРО ДПМНЕ да биде дел од Владата како што бараа, и притоа да биде завршен скринингот, да се отворат поглавјата од првиот кластер, да затвориме едно или две поглавја и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори, што секако би претставувало некаков договор во однос на најважното прашање кое го имаме за граѓаните и за државата, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во Гранада, одговорајќи на новинарско прашање за барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба на која би се утврдил датумот за одржување на предвремени парламентарни избори.

Во интервју за Фокус, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара лидерска средба во врска со изборниот процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот