Костадиновска-Стојчевска: Вложуваме во секоја општина

Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска заедно со дополнителните заменици министри за Внатрешни работи и за Труд и социјална политика Митко Бојмацалиев  и Јованка Тренчевска, беше во работна посета на Општина Кривогаштани каде  направи увид во проектите за кои од Програмата за капитални дотации во културата се издвоени 7,5 милиони денари.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека водени од желбата за инвестирање во културните објекти и потребата за  обезбедување услови за достапност на културата за сите и во секоја општина соработката со Општина Кривогаштани која започната минатата година продолжува и годинава.

„Со градоначалникот, Мискоски направивме увид во завршната фаза од проектот со кој оваа општина за прв пат од своето постоење доби средства од Министерството за култура, а со кој се изврши пренамена и адаптација на општинската сала  во мултифункционална сала за реализација на културни настани. Со тоа овозможуваме побогат културен живот за сите граѓани како и реализација на настани кои ќе придонесат за негување и заштита на богатата традиција на овој крај”, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот