Коронавирусот го затвори Лувр

Бројот на заболени од коронавирусот во Франција надмина 100. После подолг период на контрола на заразата, последните три дена, секојдневно се појавуваат по десетина нови случаи. Фамозниот „нулти пациент“, оној од кого се почна во областа Оаз, на стотина километри северно од Париз, и натаму е на интензивна нега. До тогаш постои реална опасност заразата од ова жариште да продолжи да се шири со геометриска прогресија.

Властите поради сето ова прибегнаа кон рестриктивни мерки, па во ризичните региони на луѓето сериозно им е советувано да излегуваат од становите само во случај на итна потреба или ако одат во набавка на продукти.

Опасно е во регионот на Горна Савоја, како и во врска со турстите дојдени од Египет, а раширени низ целата територија.

Граѓаните се повикани да не се ракуваат и да не се бакнуваат при средби, а откажани се и сите собири на затворено со повеќе од 5.000 луѓе. Така во неделата е откажан и последиот ден од Саемот за земјоделство во Париз,  концерт во Нант, салон за недвижности во Кан. Не се одржаа ниту спортските натпревари, како два кошаркарски меча,сошто салите примаат голем број луѓе/ Фудбалот за сега, се игра.

Во неделата во Париз беше затворен и Лувр. Поради големите навалици и дождот, властите одлучија попадне да ги отворат барем локалните бутици и ресторани. Никој не можеше на туристите да им соопшти кога повторно ќе се отвори музејот.

Иако се одвиваат на отворено, затворен е и панаѓурот во Ница на кој секоја година се собираат сто илјади луѓе, карневалот во Стразбур и парискиот полумаратон, зошто забраната се однесува на сите манифестации каде би можело да дојде до мешање на популација од различните региони и земји.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот