Конечно триумф на Работнички

фото: ФК Работнички

Екипата на Работнички по пауза од еден месец конечно ја почувствува сласта на победата откако со 2:0 славеше над Македонија ЃП. Со оваа победа, тимот од Дебар Маало по 34. коло во македонската прва лига, дојде на делба на петтата позиција со 43 бодови, само еден бод помалку од четвртиот Шкупи.

Токму четвртото место носи пласман во квалификациите за Лигата на Европа, но на „романтичарите“ им виси и опстанокот во првата лига, оти имаат само два бода повеќе од Силекс кој е осми и таа позиција носи место во баражот за опстанок.

Покрај екипата на Работнички и останатите екипи кои се борат за опстанок не доживаја пораз. Силекс со 1:0 го совлада Вардар, додека Беласица ремизира на гостувањето кај Шкупи играјќи 2:2.

Резултати 34. коло:
Работнички – Македонија ЃП 2:0
Победа – Шкендија 1:4
Ренова – Академија Пандев 1:1
Силекс – Вардар 1:0
Шкупи – Беласица 2:2

Табела
1. Шкендија 76
2. Вардар 60
3. Академија Пандев 57
4. Шкупи 44
5. Ренова 43
6. Работнички 43
7. Македонија ЃП 41
8. Силекс 41
9. Беласица 38
10. Победа 23

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот