Концертот „Оскаровска гала вечер“ ќе се одржи во Националната опера и балет

Плакат за настанот во Националната опера и балет

Во пресрет на 96. доделување на наградите „Оскар“ во Националната опера и балет на 28 февруари, со почеток во 20 часот, ќе се одржи првата „Оскаровска гала вечер“.

Најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ ќе ги изведат врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Националната опера и балет и Националниот џез-оркестар.

Диригент на концертот е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Концерт мајстор е Верица Ламбевска, светло-мајстор е Милчо Александров.

Низ концертното филмско-музичко патешествие публиката ќе ја води долгогодишниот коментатор на Оскаровскиот пренос, новинарката Миланка Рашиќ.

Дел од учесниците кои ќе настапат на сцената на Националната опера и балет се Весна Ѓиновска-Илкова, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Тамара Раѓеновиќ (Црна Гора / Англија), Игор Дурловски, Горан Наумовски, Даниел Данн, Христијан Тоневски, Денис Димоски.

Ќе настапи и балетска солистичка двојка од Национална опера и балет, Ендру Кук (Англија) и Саша Евтимова, како и танцова двојка од ТСК „Ритам плус“, Андреј Димоски и Ангела Спировска.

Во манир на најблескавата филмска ноќ, настанот ќе започне со Црвен тепих во 19.30 часот, а во текот на концертот публиката ќе ужива во песни кои низ годините станаа големи светски хитови и се дел од историјата на седмата уметност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот