Концерт на кантри музика од светски изведувачи ќе се одржи во „Јавна соба“

Сара Харалсон и Барни Есвил / Фотографија: Промо

Источноевропската турнеја на кантри-музичарите Сара Харалсон и Барни Есвил, заедно со Ендрју Куглер, ги донесе во Скопје. Проектот наречен „Здраво пријателе“ на Сара Харалсон и Барни Есвил има за цел да ја претстави кантри музиката во сите нејзини аспекти и варијации – класична и современа, во нејзината американска и европска верзија.

Концертната програма ќе биде изведена само еднаш во еден град од секоја од земјите од источен Балкан. Во Скопје ќе се одвива на 30 август во „Јавна соба“, со почеток од 21 часот, а влезот е слободен за сите.

Заедничкиот проект на Сара и Барни содржи интересна мешавина од кантри хитови, песни од новообјавениот албум на Сара Харалсон и оригинални песни од Барни Есвил. Во програмата на дуото има песните кои ги прославија низ светот. На концертите има уште еден музичар од исклучителна класа, а тоа е Ендрју Куглер од Нешвил, тапанар во бендот „US Navy“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот