Комбинација платнена врз хируршка: Носењето на две маски штити од ковид-19 со 92,5 проценти

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Носењето на две маски преку лицето, платнена врз хируршка, ја зголемува заштитата од ковид-19 на 92,5 проценти, се нагласува во анализа на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Истражувачите откриле дека комбинацијата на тие две маски блокира 92,5 проценти од потенцијално заразните честички, бидејќи создаваат поголема заштита околу лицето, јави „Си-Ен-Ен“.

Утврдено е дека хируршката маска, доколку се свитка на краевите и се врзува околу ушите, го намалува продирањето на патогените микроорганизми и блокира 63 проценти од аеросолите што можат да содржат ковид-19, што е значајна промена во споредба со 42-процентна заштита, колку што штити хируршка маска ако не е врзана околу ушите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот