Колку време е потребно за да првите резултати од козметичките производи бидат видливи?

козметика
Фото: Пиксабеј

Потрагата по „совршениот“ козметички производ кој ќе ја задоволи целосната потреба на Вашата кожа и перфектно ќе се вклопи во Вашата секојдневна рутина знае да биде вистинска голгота. Но, кога ќе избереме еден производ, знаете ли колку долго треба да трае фазата на „тестирање“ за да знаеме дали е тој „вистинскиот“ за нас?

Кога би направиле детална пресметка на сите производи кои ни поминале низ рацете или лицето, сигурни сме дека списокот би бил доста долг. Немаше да биде толку голем проблем ако навистина бевме задоволни со повеќето од нив, но шишињата во кои ги вложивме сите наши надежи дека ќе решат некои неправилности на лицето, завршуваат во ѓубрето…

За да излезете од овој маѓепсан круг на постојано купување и фрлање производи, важно е да земете во предвид неколку работи. Многу често, во желбата за беспрекорен изглед на кожата на лицето, подготвени сме да ја „оптовариме“ нашата кожа со разни производи за нега, но во тој процес не и дозволуваме на кожата да „го направи своето“ за конечно да добиеме вистински увид во квалитетот на производот.

Нетрпеливоста во грижата е всушност нашиот најголем непријател бидејќи очекуваме нашите производи да направат вистинско мало чудо на нашето лице преку ноќ, што не е баш возможно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mihaela Curea (@deweekend.ro)

Потребно е извесно време за да видиме дали некој производ ни одговара или на крајот ќе треба да се збогуваме со него, а неодамнешното истражување го покажа точниот број денови што и се потребни на кожата да реагира на некој производ.

Така, 28 дена се сосема доволен период за тестирање на некој производ и стекнување целосен увид дали ни одговара и дали се вклопува во нашата стандардна нега на лице.

Исто така, треба да имате предвид дека континуитетот е многу важен во овој период, освен ако не почувствувате или забележите влошување на лицето во вид на печење, црвенило, акни или некои други неправилности, тогаш можете слободно да ја завршите фазата на тестирање.

Она што исто така ќе ви помогне да го пронајдете идеалниот производ се тестерите, кои се поголем број на брендови ги имаат во својата понуда, па слободно побарајте ги пред да го купите производот!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот