Кој клуб може да си дозволи да го плати Халанд?

13 June 2020. EPA-EFE/LARS BARON

Познати фудбалски агенти имаат идентичен став, одличниот напаѓач е недостапен дури и за многу гиганти.

Ерлинг Халанд и сезонава продолжува да ги воодушевува фудбалските фанови со што ги натера гигантите за започнат со подготвување на понудите. Според германските медиуми, но и дел од фудбалските агенти, сметаат дека евентуален неуспех на Борусија Дортмунд односно останување без пласман во во Лигата на шампионите, ќе значи и заминување на Халанд.

Фудбалските агенти, Иван ле Ме, Џејми Морал, Андреа Дамико и Роберто де Фанти, истакнаа дека Халанд се наоѓа пред важна одлука, и притоа напоменаа дека доколку не беше финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, тогаш Норвежанецот ќе го собореше светскиот рекорд кога станува збор за трансферите.
Токму поради финансиската криза, агентите сметаат дека голем дел од гигантите немаат пари за да го ангажираат Халанд на лето.
– Барселона нема пари, а немаат ниту Реал Мадрид ниту Јувентус. Доколку не беше короната, неговата вредност ќе беше околу 200 милиони евра, но во актуелната состојба, за очекување е трансферот да биде нешто поголем од 100 милиони – смета Ле Ме кој се грижи за кариерата на Ферлан Менди кој игра за Реал Мадрид кој открива кои клубови можат да си го дозволат трансферот на Халанд.
Барселона нема пари, како и Реал Мадрид и Јувентус, со што се поставува прашањето кој може да си дозволи да го купи Халанд? Тоа може да го стори Манчестер сити, ПСЖ може да се обиде, но за мене најдобра опција е Баерн Минхен. Баерн има пари, а Халанд би бил наследник на Левандовски – додава Ле Ме.

Идниот клуб не треба да размислува само за обесштетувањето кое ќе мора да и го плати на Борусија Дортмунд, туку и за платата на фудбалерот.
– На пример, Мбапе заработута 12 милиони евра нето, Нејмар има 18 милиони евра нето, а Меси 70 милиони. Претпоставувам дека платата на Халанд би била некаде помеѓу тоа што Мбапе и Нејмар го заработуваат, значи помеѓу 12 и 15 милиони евра годишно – вели Ле Ме.
Но, поранешниот агент на Кафу, Роберто де Фанти, смета дека следен клуб на Халанд ќе биде Реал Мадрид.
– Халанд може да стане најскапиот фудбалер на светот и верувам дека може да го надмине рекордниот трансфер на Нејмар од 222 милиони евра. Мислам дека следна дестинација може да му биде Реал Мадрид. Роналдо си замина, Бензема старее и се ближи кон крајот на кариерата поради што на Реал му е потребна млада и талентирана ѕвезда. Халанд совршено одговата за тоа- вели Де Фанти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот