Ако во Шведска одите на гости и го направите ова, ќе избие скандал

Фото: Rawpixel

И додека соблекувањето на чевлите кога се оди на гости е нешто за што Македонците постојано полемизираат – едни тврдат дека се работи за основна култура, додека други тврдат дека станува збор за класичен примитивизам, постојат земји низ Европа и светот каде што тоа е задолжителна практика.

Во Македонија некој може да ве опомени или попреку да ве погледне ако не ги соблечете чевлите, а тоа го практикуваат во своите домови, но постои една земја на северот на Европа каде што би бил вистински скандал доколку не го сторите тоа. Сигурно ќе ви звучи неверојатно, но се работи за Шведска!

Ако сте поканети во куќа на Швеѓанец, треба да знаете дека соблекувањето на чевлите е задолжително. Тоа е нешто на што многу Швеѓани или оние што се населиле таму предупредуваат на своите блогови или ги упатуваат оние коишто не се запознаени со овие обичаи.

Ова, верувале или не, важи дури и кога сте поканети на свечена вечера или некоја прослава во туѓ стан. Правилото за слекување на чевлите и понатаму важи, без разлика што можеби сте дотерани и сте во свечен фустан, а зима е и подот е ладен.

Затоа, штом ќе го поминете прагот на стан или куќа на шведско семејство, соблечете ги чевлите и внимателно ставете ги на практичната решетка за чевли што ја има секоја куќа во оваа скандинавска земја.

Швеѓаните не само што ги соблекуваат чевлите дома, туку тоа е често случај и во градинките и училиштата, теретаните, а понекогаш дури и во некои лекарски ординации, козметички салони… Многу Швеѓани дури и на работа имаат резервен пар чевли што ги носат додека се во канцеларија. Главната причина е повисокото ниво на хигиена и поголемата удобност, ќе ви кажат Швеѓаните, но секако станува збор и за длабоко вкоренет обичај кој датира децении наназад, пишува порталот „Thenewbieguide.se“.

Шведска во 1936 година основала станбена инспекција како дел од одборот за здравствена заштита чија одговорност била да ги натера Швеѓаните да заборават на нездравите животни навики како што се пренатрупаноста, валканите простори за живеење и носењето чевли во затворени простории и да стекнат подобри навики во однос на чистотата, одржувањето на бањите, проветрувањето… Тоа во 1930-тите години довело до широка примена на низа правила, вклучително и соблекување на чевли и нивно оставање на влезот во куќата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот