Pixabay

Кое е значењето на „големата тројка“ во астрологијата?

Кога се впуштаме во aстрологијата со цел да дознаеме повеќе за себе, а притоа не посегнуваме по натална карта, треба да го разгледаме тоа што астролозите го нарекуваат „големата тројка“. Големата тројка се сончевиот знак, подзнакот и месечевиот знак.

Сончевиот знак / Која е вашата животна цел?

На Сончевиот знак се обрнува најмногу внимание во астологијата. Тој е вашиот идентитет, чувството за себе. Вашето его. Одредува како се изразувате и ги одредува вашите доминантни особини како личност. Сончевиот знак се одредува со лоцирање на астролошкиот знак кој бил на источната хемисфера кога сте се родиле.

Месечев знак/Каква е вашата душа?

Месечевиот знак се смета за втор највлијателен и се одредува според месечевата положба на небото на денот на вашето раѓање. Тој покажува како се чувствувате под површината, односно вашиот емотивен свет. Месечината исто така покажува како се справувате со емоциите и како се поврзувате со другите луѓе.

Подзнак/Која е маската што ја носите во светот?

Подзнакот одредува како ве гледаат и перцепираат другите луѓе. Го одредува впечатокот што го оставате во светот. Подзнакот исто така ја покажува разликата за тоа како реагирате во емоционални ситуации: приватно и јавно. Тој ги одредува и нашите спонтани реакции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот