Коби Брајант, икона на уличната уметност: графити и мурали низ целиот свет

Неговата ненадејна смрт навистина ги погоди сите, не само љубителите на кошарката. 

Неговата ненадејна смрт ги погоди сите, преку ѕидовите на улиците, навивачите и уметниците му оддаваат почит Коби Брајант преку своите дела.

Нов графит се појави во Лос Анџелес, каде кошаркарската ѕвезда помина 20 сезони со „Лејкерс“. На графитот се Коби и неговата ќерка, која почина заедно до него, во несреќата.

Огромниот цртеж „Kobe & Gigi Forever Daddy’s Girl” е дело на Мак Рок и Мр. 79, а се наоѓа во близина на местото на несреќата.

Во овие часови, огромен број на фанови оставаат цвеќиња и свеќи во близина на домот на Коби, а стотици писма пристигнуваат и во НБА.

Во неделата навечер, навивачите се собрале и пред Стејплс Центарот, домот на Лејкерс, каде кошаркарот доживеал некои од неговите налегендарни денови. Илјадници луѓе го носеле дресот на Брајант.

Графитите и делата се шират од час во час низ целиот свет. Последни забележани дела се во Манила и Валенцуела на Филипините. Повеќе уметници се собрале во Тагуиг и заедно го насликале Коби Брајант во прегратка со 13-годишната ќерка.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот