Книгата „Гаја и градината“ е за враќањето кон природата и вредностите на градинарството

Во ЈУ Младински културен центар (МКЦ) на 15 мај, со почеток во 19 часот, ќе се случи втора по ред промоција на книгата „Гаја и градината“. Книгата е заедничко дело на Ева Божиновска, авторка на текстот и ученичка во С.У.Г.С. „Никола Карев“ во Скопје, како и авторките на илустрациите Елена Апостоловска, Мирјана Спасоска и Јана Стефановска, ученички во втора година во средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ во Скопје на Одделот за мултимедија.

Текстот на Ева Божиновска зборува за враќањето кон природата и вредностите на градинарството во еден дистописки урбан свет. Книгата е заедничко издание на ЈУ Младински културен центар (МКЦ) и Проектниот простор „Прес ту егзит“ од Скопје.

Уредници на книгата се Христина Иваноска и Јане Чаловски, а графичкото уредување е на Русе Арсов. Ментори во проектот беа Душица Димитровска (илустрација), Хајан Алхалаби (пермакултура), Кристина Горовска (графички дизајн), Илиана Петрушевска (визуелна уметност).

Книгата „Гаја и градината“ е резултат на активното вклучување на младите во креирање на содржина на грижлив пристап кон природата преку интердисциплинарна едукативна програма.

Финансиска подршка за проектот е обезбедена од годишната програма на Проектниот простор „Прес ту егзит“ насловена „Недисциплинирано: Интердисциплинарни модели на истражувачка уметничка практика“ и меѓународниот проект „Big Time Takeover“ под водство на МКЦ и координација на Маргарита Арсова, во рамки на Ерасмус+ програмата за соработка и иновација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства, кои вклучуваат образовни програми за млади.

Од самиот почеток МКЦ соработува со уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски со цел да развие современ интердисциплинарен, уметнички и едукативен концепт и програма, која ќе ги опфати сите клучни цели и насоки на проектот.

Од тој дијалог произлезе проектот „Градиднина: Градината како инструмент, пермакултура како методологија“ развиен во соработка со Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива „Бостание“, кој е вклучен како експерт и едукатор во создавање на првата институционална пермакултурна градина во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот