Климатолог за летото што претстои – загрижувачки, можни појави кои сме ги виделе само на филмови

Фото: Профимедиа

Дали ни претстои пеколно лето, дали сушите и торнадата ќе станат наша реалност и дали навистина се загреваме побрзо од остатокот од светот – вака за Nova.rs вели климатологот Владимир Ѓурѓевиќ.

Минатиот февруари во регионот беше најтопол во историјата на мерењата и најсушен во последните 74 години, покажуваат податоците на хидрометеоролошките заводи. За тоа придонесоа временските услови кои донесоа топол воздух од југ и ја подигнаа температурата, па така февруари беше за цели 6,3 степени потопол во однос на референтниот период од 1991 до 2020 година. Најголемо отстапување од нормалата е забележано во Кикинда и во Белград каде било потопло за 7,4 степени.

По толку топол февруари и почетокот на пролетта, некои веќе најавуваат дека ни претстои пеколно лето, а колкава вистина има во тоа открива соговорникот на Нова.рс.

„Нашите лета станаа значително потопли отколку пред 30, 40 години. Како регион на Југоисточна Европа, имаме рекордно висок пораст на летните температури поради глобалното затоплување и нашата географска положба и поместувањето на воздушните маси. Ние сме светски рекордери и за секое лето што е пред нас, вклучително и ова, има огромни шанси да биде потопло од она на што сме навикнати во претходните децении. Шансите ова лето да биде значително потопло се 70 проценти“.

Иако засега не можеме прецизно да кажеме колку топли денови и тропски ноќи ќе имаме, кога е тешко да се спие бидејќи температурата не се спушта под дваесет степени, нема сомнеж дека ќе има топлотни бранови.

„Претходно имаше по еден топлотен бран годишно, а се случуваше и две-три години да поминат без ниту еден бран. И во последните десет години, секоја година имаме од два до четири топлотни бранови. Многу е можно летово да има десетдневен топлотен бран, по што ќе следи дводневен пауза, а потоа уште десет дена горештини“.

Исто така, тука е и влажноста која повремено сè влошува.

„Кога температурата надвор е околу 36 степени, што е блиску до температурата на нашето тело, а кога релативната влажност е над 60 проценти, тогаш е многу тешко телото да се олади и ваквите денови ни се особено тешки уморни сме и под поголем притисок“.

Екстремните горештини не се единственото нешто за кое треба да се подготвиме. Освен големите суши, поплави и бури и торнада кои најчесто ги гледавме само во вестите од Америка, за жал, лесно можат да ни станат реалност.

„Кога воздухот е потопол, може да задржи повеќе водена пареа. Денеска овде воздухот е за еден степен потопол отколку пред десет години и затоа во атмосферата во просек има седум отсто повеќе водена пареа. Секој тип на бурно време ја црпи својата сила од таа водена пареа. А за ова лето и секое наредно постои ризик од невреме какво што досега не сме виделе. Постои ризик од торнадо што е значително посилно од она што го видовме досега. Не е прашање дали ќе видиме такво нешто, туку кога ќе видиме“, вели Ѓурѓевиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот