Ќерим Мамути: Ќе го запреме рекетот во Сарај

ДУИ /Фото: Илустрација

Кандидатот за градоначалник на Општина Сарај, од редовите на Коалицијата Алијанса за Албаниците – Алтернатива, Ќерим Мамути, на последниот митинг во Сарај, изјави дека неговата кандидатура е „со единствена цел за запирање на рекетот од страна на органите на општината со месечни фактури од 5 евра за канализација финансирана од граѓаните на Сарај”.

– Жителите на Сарај се соочуваат со недостаток на вода за пиење, без канализација, уништени патишта и отпад фрлен насекаде на територијата на Сарај. Нашата и мојата цел како кандидат на општина Сарај во 4-годишниот мандат, не е само желба да се натпреваруваме за да се прогласиме себеси или нашиот заеднички тим, туку нашата намера е јасна, грижата за лошото владеење 12 години од ДУИ, изјави Мамути.

– Угнетувањето, кражбата и рекетот направен врз граѓаните на Сарај и неговата околина, узурпацијата на општинскиот имот од страна на активистите на ДУИ, продажбата и уништувањето на езерото Треска, имотот, викендичките, железото и се што постои таму, додека беше финансирано од самите граѓани на Сарај, рече Мамути.

Дел од овој митинг беше и претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој пред присутните граѓани нагласи дека Ќерим е искрен, вреден и сериозен.

– Повеќе од сите овие што ги споменав, тој го сака Сарај, ја сака својата татковина, ја сака иднината на Сарај и сака да ја изгради иднината на Албанците во Сарај за тие да уживаат во тоа. Навистина е апсурдно кога ги слушаме нашите опоненти како излегуваат сега пред изборите и велат дека ќе ја решат сиромаштијата, која не беше создадена за еден ден, туку беше создадена во одреден временски период, а членовите на осиромашувањето на ова население се тие кои ја држат власта од 20 години, рече Села.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот