Кјелини по завршување на сезоната оди во пензија

Џорџо Кјелини/фото: EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Поразот на „аѕурите“ од Македонија во полуфиналето од баражот за пласман на Мундијалот во Катар, го натера еден од најдобрите дефанзивци на светот, Џорџо Кјелини, предвреме ја заврши кариерата. Кјелини одлучи по завршување на сезоната да замине во пензија иако има договор со Јувентус и за следната сезона.

Со ова завршува ерата на Кјелини во „црно-белиот“ дрес на италијанскиот тим која траеше 17 години и во која Кјелини освои девет шампионски титули и два пати играше во финалето на Лигата на шампионите.

Како можна замена за Кјелини, управата на Јувентус размислува за дефанзивецот на Челси, Антонио Ридигер, кој исто така на крајот од сезоната ќе си замине од лондонскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот