Ќе свика ли Џафери лидерска без Ковачевски?

Лидерска средба со коалиционите партнери / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

На лидерска за изборите, на барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хрисијан Мицкоски, би учествувал помалиот владин партнер, претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари како и опозициските претседатели на Беса, Алтернатива и Демократско движење.

Ќе свика ли претседателот на Собранието Талат Џафери лидерска средба за изборите без учество на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, е дилемата откако собранискиот спикер остави можност за состанок на претседателите на партиите ако тие потврдат учество на таква средба. На лидерска за изборите на барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хрисијан Мицкоски, би учествувал помалиот владин партнер, претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари како и опозицискиот претседатели на Беса, Алтернатива и Демократско движење. Иако побаравме ДУИ не одговори дали Али Ахмети би присуствувал на лидерски состанок свикан од сопартиецот Џафери, додека Ковачевски веќе изјави дека нема потреба од лидерска средба и порача дека ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени истиот дена може да се распушти Собранието и да се оди на избори.

Ахмети во изјава за медиуми рече дека предвремените избори не се решение и дека главна преокупација на државата треба да биде обезбедувањето гласови за уставните измени. Тој еднакво како Ковачевски рече дека изборите ќе се одржат во редовниот термин. Ахмети повтори дека ДУИ веднаш ќе се повлече од Владата ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени.

Џафери вчера изјави дека доколку претседателите на партиите се согласат, тој би свикал лидерска средба за договор за термин за претседателски и за парламентарни избори. Тој додаде дека ако има разговори тие би требало да завршат најдоцна до крајот на годинава бидејќи се потоа ќе значи течење на законските и на уставните рокови.

Мицкоски денеска повторно апелира да се оддржи лидерска чиј домаќин ќе биде Џафери.

-Апелирав за средба, нека биде организатор Талат Џафери, јас сум подготвен да појдам и да ги аргументираме позициите, да ги фиксираме датумите затоа што ни претстојат претседателски и парламентарни избори, техничка влада, треба и едните и друигите да се распишат и можеме да дојдеме во тесен рок и не би сакал тој рок да создаде дополнителна тензија или уставна криза. Апелирам на зрезлост кај политичарите во државата. Еве ако е тој институцијата, а тој е тој, инстуитуцијата е парламентот, таму се распишуваат изборите, јас сум подготвен кај Талат Џафери да појдам во било кој момент и било кој ден што тој ќе го одреди, на таква лидерска средба на која би разговарале за датуми за претседателските и за парламентарните избори – изјави Мицкоски.

Од Алијанса за Албанците за 2Слободен печат“ велат дека велат би прифатиле лидерска за изборите.

-Алијанса за Албанцитеотс екогаш била дел од секој дијалог и разговор, така ќе продолжиме и во иднина. Несомнено би учествувале на средба на која ќе се разговара за претстојните претседателски и парламентарни избори – велат од АА.

И претседателот на опозициската Беса Билал касами ја повика Владата што поскоро да повика лидерска средба. И тоја како Мицкоски смета дека парламентарните и претседателските избори треба да бидат организирани на ист датум.

– Се што е во правец на организирање на фер демократски и прифатливи избори за сите граѓани ние сме подготвени да учествуваме. Ние ја повикуваме Владата што побрзо да повика средба на лидерите на политичките партии, за да се договориме за предвремени парламентарни избори. Имајќи ја предвид економската ситуација за организирање на избори ние сметаме но и инстистираме да имаме еден термин за претседателски и парламентарни избори, не треба да се прават дополнителни трошоци само за парламентарни избори кои ќе треба да се организираат само три месеци подоцна – изјави Касами.

Како што веќе објавивме освен Ковачевски и претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека нема потреба од лидерска средба .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот