Ќе нема кој да ги лечи македонските граѓани – поразителна бројка на лекари кои се иселиле

Болниците остануваат без лекари. Поразителна бројка на лекари кои се ислеиле од Македонија – дури 250 за само една година.

Општи лекари и специјалисти си ја бараат среќата надвор од Македонија, а голем број специјализанти паралелно со специјализацијата учат и странски јазик за да може веднаш да заминат.

За бројките денеска предупреди претседателот на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров на настан организиран во пресрет на Светскиот ден на здравјето – 7 април.
Според податоците, во 90-тите години во земјава имало 18.000 доктори, а сега тој број е помал од 7.000.

Состојбата е лоша и со младите идни кадри. На пример приватните специјализанти кои плаќаат дури 10.000 евра за специјализација, земаат само 26.000 денари плата, што е премногу малку за да се покријат и основните трошоци. Тие протестираа за подобрување на условите.

Леонид Рене Томас Каражинов е најдобриот студент по медицина кој веќе ги завршил студиите. Моментално е на пракса во Првата помош. Не сака да ја напушти државата, но за да остане да работи тука очекува финансиска сигурност.

Од Светската здравствена организација велат дека здравството во Македонија е подобрено, но сè уште има празнини кои треба да се пополнат.

„Сè уште има простор за подобрување. Да се намалат трошоците што граѓаните ги плаќаат од свој џеб за здравствени услуги, особено во примарната здравствена заштита, бидејќи законот кој овозможува подобар пристап до примарната здравствена заштита го изгласа Владата“, рече Ен Јохансен, СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот