Кисинџер: Конфликтот во Украина може да заврши на три начини

Хенри Кисинџер
Хенри Кисинџер / Фото: EPA/LAURENT GILLIERON

Украинската криза може да заврши на три начини, истакна поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер за весникот „Спектејтор“.

Според него, првото сценарио подразбира руска контрола над поголемиот дел од Донбас, со главниот индустриски и земјоделски регион и појасот долж Црното Море.

„Ако застане на сегашните позиции, тоа ќе биде победа за Русија. Во тој случај, улогата на НАТО нема да биде пресудна како што претходно се мислеше“, оценува Кисинџер.

Второто сценарио, објаснува тој, би било обид да се „истисне“ Русија од Крим.

Кисинџер смета дека ова сценарио може да доведе до ескалаци а на конфликтот. „Ако продолжат воените операции, ќе се зголеми ризикот Западот да се најде во војна со Русија“, истакна Кисинџер.

Третото сценарио, според дипломатот, предвидува враќање на ситуацијата до 24 февруари.

„Нерешените прашања ќе се решаваат со преговори. Ситуацијата веројатно ќе биде замрзната уште некое време“, заклучи поранешниот државен секретар на САД.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот