Кипар ги лекува болните мачки со апчиња против ковид

Мачка од Кипар / Фото: Christina ASSI / AFP / Profimedia

Ветеринарните служби на Кипар ја добија првата серија апчиња против ковид, од залихи првично наменети за луѓе, додека се интензивираат напорите да се запре ширењето на новиот вид коронавирус кај мачките кој убил илјадници вакви животинчиња, пишува „Гардијан“.

Министерството за здравство на островот започна со овој третман на 8 август, кој долго време се слави како Меѓународен ден на мачките, со што властите се надеваат дека ќе биде почеток на крајот на болеста што ја погоди популацијата на мачки во медитеранската земја.

„Направивме нарачка со 500 кутии лекови“, изјави за „Гардијан“, Христодулос Пипис, директор на владините ветеринарни служби. „Ова е прва серија од 2.000 пакети што ќе бидат достапни. Секоја од нив содржи 40 капсули, така што зборуваме за вкупно 80.000 таблети“.

Дистрибуцијата на лековите следи по „алармантно зголемување“ на случаи на заразен перитонитис (ФИП) предизвикан од коронавирус кај мачки кој, ако не се лекува, речиси секогаш е фатален.

Дефиниран како „избувнување на ФКоВ-23“, вирусот првпат бил забележан во јануари во Никозија, кипарскиот главен град. Во рок од три до четири месеци се раширил низ „целиот остров“, според Панципарското ветеринарно здружение (ПВА).

Експертите од Универзитетот во Единбург, кои го истражуваат избувнувањето во соработка со ПВА, откриле дека во рок од 12 недели бројот на случаи потврдени со ПЦР тестови се зголемил за 20 пати во споредба со претходната година.

Иако мутираниот вирус кој се шири меѓу мачките не е поврзан со ковид-19 и не е штетен за луѓето, истиот лек кој го користеа луѓето се покажа како корисен за мачките.

Излеан во изметот на заразените мачки, а потоа се шири преку контакт, коронавирусот кај мачките првпат бил регистриран во 1960-тите. Епидемии на ФИП, иако ретки, претходно се случиле во Британија, САД, Тајван и Грција, но секогаш бил ограничени на катерии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот