Кинескиот министер за надворешни работи разговарал со иранскиот колеа околу тензиите меѓу Израел и Иран

Ванг Ји / Фото EPA-EFE/KITH SEREY

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска телефонски разговараше со неговиот ирански колега Хосеин Амирабдолахиан поради тензиите помеѓу Израел и Иран.

Амирабдолахиан го информирал Ванг за ставот на Иран за израелскиот напад врз Конзулатот на Иран во Дамаск, истакнувајќи оти Советот за безбедност на Обединети нации не одговорил соодветно на овој напад и дека Техеран има право да се брани како одговор на кршењето на суверенитетот на земјата.

Оценувајќи дека моменталната регионална ситуација е многу чувствителна, Амирабдолахиан нагласи дека Иран е подготвен да покаже воздржаност и нема намера дополнително да ја ескалира ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот