Кина со позитивна оценка за прелиминарниот трговски договор со САД

Кина денеска позитивно го оцени првиот чекор во склучувањето трговски договор, со кој се намали интензитетот на трговската војна со САД.

Кинески експерти и медиуми, како и владини претставници, рекоа дека договорот ќе ја намали неизвесноста за компаниите, барем краткорочно. Сепак, тие задржаа одредена резерва, велејќи дека двете страни ќе треба да покажат подготвеност за компромис за да ги надминат подлабоките разлики меѓу нив.

– Во најмала рака, ситуацијата ќе се стабилизира и ќе ги постави темелите за следната рунда трговски преговори за идното укинување на дополнителните тарифи. Не можам да предвидам што може да се постигне во идните разговори, рече професорот по економија на Пекиншкиот универзитет Ту Синкуан.

Двете земји вчера објавија дека е постигната „прва фаза” од договорот, според кој САД ќе ги намалат тарифите, а Кина ќе купува повеќе американски земјоделски производи. Договорот опфаќа и интелектуална сопственост, трансфер на технологија, финансиски услуги и решавање спорови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот