Кина: Направивме пропуст при ширењето на коранавирусот

Комитетот, исто така, соопшти дека мораат да се извлечат поуки од, како што се наведе, „големиот тест” за кинескиот систем, објави Ксинхуа, а пренесе Би-Би-Си.

Кинеското раководство призна дека имало „пропусти и недостатоци” во реагирањето на државата на ширењето на смртоносниот коронавирус.

Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, со кој претседава шефот на партијата, Си Џинпинг, соопшти дека мора да се поодбри системот за реакција во кризни ситуации, како и дека Кина мора да ги засили капацитетите во решавањето на ургентните и опасни задачи.

Комитетот, исто така, соопшти дека мораат да се извлечат поуки од, како што се наведе, „големиот тест” за кинескиот систем, објави Ксинхуа, а пренесе Би-Би-Си.

Со одлука на Политбирото наложена е забрана за илегална трговија со диви животни, како и засилен надзор врз пазарите.

Вухан, жариштето на епидемијата, останува „ главниот приоритет” и таму ќе биде испратен дополнителен медицински персонал, наведува Постојаниот комитет на Политбирото.

Во него се додава дека функционерите треба да ја преземат целосната одговорност во превенцијата на епидемијата, а тие што тоа нема да го прават да бидат казнети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот