Кина избегнува да купува нафта од Америка

Според Американската трговска асоцијација, Кина во склоп на договорот со САД од јануари е обврзана да купи нафтени суровини од САД во вредност од 52,4 милијарди долари во следните две години.

Според писмото на Американската трговска асоцијација упатено до претседателот Доналд Трамп, Кина во првите три месеци од оваа година од САД купила само минимални количини на нафтени суровини, и дека повеќе не го почитува договорот кој двете држави го потпишаа во јануари.

Асоцијацијата бара дополнителен ангажман од претседателот Трамп да изврши притисок врз Кина со цел земјата да го почитува договорот и да продолжи со купувањето енергетски ресурси.

– Кина купи само минимални износи од американските суровини во првите месеци од 2020, и повеќе не го почитува договорот, додека во исто време го зголеми купувањето на истите производи од Русија и Саудиска Арабија, се вели во коментарот на извршниот директор Ен Бредбур.

Кина според договорот со САД, се обврза дека ќе купи нафтени суровини во вредност од 18,5 милијарди долари оваа година, а следната за таа намена требаше да потроши 33,9 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот