Ким организираше ненадејни воени вежби, Трамп се надева на средба

Фото: KCNA

Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја ги одложија заедничките воени вежби, истакнувајќи дека со тој чекор сакаат да му да импулс на дијалогот со Северна Кореја. Но, земјата на Ким Јонг-ун не го направи истото, па минатата недела тие изведоа, според пишувањата на локалните медиуми, вкупно две воени вежби во кои учествувале воздушните сили и противвоздушната одбрана.

Денес севернокорејската службена државна новинска агенција КЦНА објави дека вежбите биле изведени ненадејно, како и дека на истите им сведочел и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун. Исто така, покрај податоците објавена е и фотографија од него со пилотите на севернокорејските воздушни сили.

– Ненадејните воени вежби се од голема важност, мораме константно да ја унапредуваме нашата воена подготвеност – порачал Ким во говорот пред воените единици.

Во исто време, американскиот претседател ги коментираше односите на САД и Северна Кореја. Американскиот лидер Доналд Трам вчера испрати порака за Ким, во која бара брзо да се делува за да се постигне договор.

– Мораме брзо да делуваме за да постигнеме договор. Се гледаме наскоро! – беше пораката на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот