
Ким конечно е слободна жена: Канје имал три барања, судот ги отфрлил
Ким Кардашијан е официјално слободна жена, пишува „Пејџ сикс“. Старлетата вчера на рочиштето на суд се разведе од музичарот Канје Вест, иако некои судски процеси и понатаму продолжуваат.
Препорачано

Вест се обидел да ја забави парницата за развод со Ким со тоа што на суд го проблематизирал прашањето за нивниот предбрачен договор, но судот сепак пресудил дека поранешната двојка е официјално разведена. На прашањето дали Ким сака да го задржи презимето Вест, кое го имаше досега, таа рекла дека не сака, па сега повторно е Ким Кардашијан.
Ким физички не се појавила на суд, туку се вклучила преку видеоповик, додека Канје воопшто не бил на сослушувањето. Адвокатката на Канје Вест немал приговор на одлуката на судот, но ги поставила барањата на музичарот пред Ким да биде прогласена за слободна.
Имено, раперот побарал три работи. Судот бил попустлив кон неговото барање сите пари коишто поранешните сопружници ќе ги поделат во бракоразводниот процес, во случај на смрт на едниот од нив, да му се вратат на оној кој ќе го надживее партнерот. Сепак, судот ги отфрлил другите барања на Вест.

Канје барал од судот да ја спречи неговата поранешна сопруга да го пренесе имотот што го држела во фондациите и сакал Ким да се откаже од правото – која било личност со која подоцна ќе се омажи да одбие да сведочи за комуникацијата што ја имале со неа. Овие две работи не биле одобрени од судот.
Адвокатката на Кардашијан рекла дека имотот којшто Ким ги има во фондациите се потребни за нејзината работа. Што се однесува до тврдењето во врска со идниот партнер на Ким, адвокатката на Кардашијан рече дека целта на Вест е да го отежне или да ја спречи нејзината клиентка повторно да се омажи.

Прашањата во врска со старателството ќе се решаваат на суд на 5 август. Поранешната двојка заедно има четири деца – Норт (8), Сент (6), Чикаго (4) и Псалм (2).
Ким и Канје дефинитивно се разделуваат: Парот веќе не живее заедно!