Киев ја легализираше медицинската марихуана

Споменик „Мајка татковина“ во Киев

Врховната Рада (украинскиот парламент) усвои нов закон со кој се легализира медицинската марихуана, јави украинската новинска агенција Укринформ, повикувајќи се на објава на пратеникот на партијата Глас Јарослав Железњак на апликацијата Телеграм.

Тој соопшти дека законот е донесен со гласовите на 248 пратеници.

Целта на законот е да се прошири пристапот на пациентите до медицински третман базиран на марихуана. Законот дозволува воениот персонал кој страда од посттрауматско стресно растројство, анксиозност, како и оние кои страдаат од епилепсија или рак, да се лекуваат со соодветни лекови.

Согласно законот, се планира развој на нови наркотични или психоактивни супстанци од медицински канабис да се дозволи само за медицински цели или за научно-истражувачка и научно-техничка дејност.

Здравствените установи во сите облици на сопственост, како и независните претприемачи кои имаат лиценца за медицинска пракса ќе имаат можност да купуваат, транспортираат, складираат, користат и уништуваат наркотични супстанции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот