Кичевчанка „на диво“ изградила деловен објект од 180 квадрати на државно земјиште

41-годишна жителка на Кичево доби кривична пријава откако на државно земјиште „на диво“ изградила голем деловен објект во центарот на градот, соопшти МВР.

„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Ќ.(41) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”. Таа, на пресекот на булеварот „Ослободување” со улицата „11 Септември” во Кичево, на државно земјиште неовластено изградила деловен објект со површина од околу 180 м2, што било констатирано и од овластен градежен инспектор,“ велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот