КФОР за обвинувањата на Алиша Кернс: Нема докази за шверцување оружје во православните цркви во Косово

КФОР / Фото: Архива

Нема докази за наводниот шверц на оружје преку административната линија меѓу Косово и Србија до православните цркви со амбулантни возила, изјавија од мисијата на КФОР за Косово онлајн. КФОР соопшти дека настанот што вчера го спомена пратеникот и претседател на Комисијата за надворешна политика на британскиот парламент Алиша Кернс се однесува на 2022 година, кога Кралскиот баталјон фузилиер беше ангажиран на северот на Косово за поддршка на мисијата КФОР.

„Наводното нелегално присуство на оружје беше пријавено во штабот на КФОР, но по понатамошната истрага за да се најде потврда за тоа, не се појавија докази за она што е пријавено. Нема докази за наводниот шверц што бил извршен преку административната гранична линија помеѓу Косово и Србија во православната црква во амбулантно возило“, соопшти КФОР.

Тие исто така посочија дека овој вид на активност припаѓа на владеењето на правото, што е одговорност на косовските безбедносни организации.

Кернс вчера ја обвини Српската православна црква дека учествува во шверцот на оружје од Србија во Косово. Таа во својот говор на седницата на Парламентот на Велика Британија изјави дека оружјето од Србија се шверцува со амбулантни возила, а потоа се истоварува во православните цркви.

За наводите на Кернс, вчера се огласи Рашко-призренската епархија, која изрази загриженост за изјавата, инсистирајќи да се проверат нејзините обвинувања и Кфор да соопшти дали може да ги потврди наводите на британскиот пратеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот