Кејт му подари на принцот Вилијам НЕСЕЈКОДНЕВЕН поклон за неговиот роденден

epa-efe
Фото: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Кејт Мидлтон навистина вложила труд да спреми роденденски поклон за својот сопруг годинава. Принцот Вилијам за својот 37. Роденден добил рачно изработен споменар, пренесува телеграф.рс.

Овој дизајн на војвотката од Кембриџ е преполн со фамилијарни фотографии кои настанале во претходната година. Вметнати се и цртежите и сликите кои ги нацртале нивните деца. Додека ги листа страниците, принцот Вилијам сигурно ќе се потсети на преубавите моменти кои ги доживеале и ќе може секогаш да им се врати, бидејќи Кејт направила сите тие сега да се на едно место.

– Кејт и децата го составиле најубавиот потсетник на сопругот и таткото за самиот себе. Нема сомнеж дека ова ќе му биде еден од најмилите поклони во животот. Тука се наоѓа секој момент кој е снимен за една година, секоја активност која ја направиле и секоја насмевка која е овековечена – кажува извор близок до кралската фамилија и додава дека ваков поклон е нешто што останува за цел живот како потсетник на најблиските и најмилите.

Наводно, споменарот се вика “Скриен дом во кој беа тројца“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот