Кејт Хадсон и Гвинет Палтроу откриваат кои холивудски шармери се бакнуваат лошо

Фото: Профимедиа

Холивудските русокоси Кејт Хадсон и Гвинет Палтроу со своите последни изјави разочараа милиони жени ширум светот, откривајќи дека некои од нивните машки колеги се навистина лоши љубовници на филмското платно. Бакнежите што ги разменија за некои филмските улоги биле толку разочарувачки за нив што останале врежани во нивната меморија.

Тие се пријателки со многу заеднички работи – успешна филмска кариера, славни мајки и просперитетни лични брендови.

Фото: Профимедиа

Гвинет Палтроу (48) и Кејт Хадсон (41) се забавуваа присетувајќи се на некои од главните машки протагонисти со кои глумеле, а ова се случуваше за време на поткастот „Гуп“ на Гвинет во вторникот.

Кога Палтроу ја праша sвездата на „Војна на невести“, кој е нејзиниот најдобар бакнувач на екранот, Хадсон, наместо тоа, се присети на најлошиот.

„Искрено, чувствувам дека не сум ги имала најдобрите бакнувачи, рече Кејт. Требаше да имам подобри“.

И веднаш потоа го спомна Метју Меконахи, со кого глумеше и во Fool’s Gold во 2008 година и во How To Lose A Guy In 10 Days („Како да се изгубиш момче за 10 дена“) во 2003 година.

Фото: Профимедиа

„Секојпат кога го бакнував Меконахи, изгледаше како нешто да се случува, како да има некој ветер“, кажа Хадсон.

Гвинет, од своја страна, се прашуваше дали бакнежот со некој актер со кој си работел многупати се чувствувал повеќе како братска енергија, како што таа чувствувала за колегата од „Марвел“, актерот Роберт Дауни Јуниор.

„Кога го бакнав Роберт, си реков: Ова е буквално како да го бакнувам брат ми“, се присети Палтроу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот