Ќе стане ли Порторико 51. американска држава, граѓаните на есен гласаат на референдум
На гласањето во 1967, 1993. и 1998. година Порториканците се изјаснија против независноста и за продолжување на поврзаноста со САД.
Претседателот на Владата на Порторико Ванда Васкез Гарсед потпиша закон за одржување на референдум на 3. ноември на кој ќе биде решено прашањето за придружување на овој архипелаг кон САД во својство на 51. држава.
Америка нема обврска да ги прифати резултатите од референдумот.
Ова не е првпат Порторико да го покренува прашањето за статусот на територијата.
Америка на 10. декември 1898 година го анектираше Порторико и тоа беше последица на шпанско-американската војна.
Со донесување на Џонсоновиот акт (1917) година Порторико повторно добива право на внатрешна самопурава, која во 1948 година уште се проширува. Островот добива комонвелтски статус на 25. јули 1952.
На гласањето во 1967, 1993. и 1998. година Порториканците се изјаснија против независноста и за продолжување на поврзаноста со САД.