Ќе се штрајкува додека Макрон не се повлече од планираната реформа на пензиите (ВИДЕО)

Универзален пензиски систем „подразбира исчезнување на специјалните режими”, изјави премиерот Едуард Филип еден ден по масовните демонстрации против реформата на пензискиот систем, истовремено додавајќи дека е подготвен за „прогресивни транзиции на специјалните режими”, јавува дописникот на МИА.

-Не би било разумно, неприфатливо, не само да се променат правилата во играта, рече шефот на француската влада. Затоа, реков и денес ја повторувам, мојата целосна подготвеност да ги направам транзициите прогресивни- обраќајќи им се на вработените во СНЦФ (железницата) и РАТП (метрото во Париз).

Штрајкот го блокираше јавниот транспорт и ги затвори училиштата низ Франција, веќе втор ден се протестира, а синдикатите велат дека планираат да продолжат сè додека претседателот Емануел Макрон не се повлече од планираната реформа на пензиите.

-Убеден сум дека со синдикатите ќе ја најдеме вистинската рамнотежа, без да се откажеме од нашата силна волја да го воспоставиме овој универзален систем, им порача шефот на владата, посебно на вработените во железничката компанија СНЦФ и РАТП, кои имаат поповолни пензиски режими од останатите вработени.

Најмалку 25.000 демомстранти во Марсеј, 20.000 во Монпелје и Бордо, 19.000 во Нант, вкупно околу 285.000 лица синоќаа демонстрираа во околу 40 градови низ Франција против пензиската реформа, покажуваат податоците на полицијата или префектурите.

(ВО ЖИВО) ФРАНЦИЈА НА НОЗЕ: Речиси триста илјади лица се излезени на протести

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот