Ќе го јаде некој или ќе се заебааме?

агим јонуз

Таман да беше цртан стрип во продолжетоци у  „Политикин забавник“, па ке имаше некаква разврска. Како тече време, сите комбинаторики врзани за СЈО и ОЈО и за на тетка му правдата се чини дека намерно немаат разврска. Колку и да звучи наивно моето мислење, ке потсетам дека како се ближи времето на добивање датум за преговори, во сеуште не потполно ратификуван влез во НАТО, некој како да ја држи целата ситуација „под кумплунг“!

Пред еден период кога пишував дека целата работа на крај ке заврши со „вук појео магарца“, ме правеа будала и зевајќи во медиумите гладно очекуваа некоја ексклузивна вест дека „фиљан“ утре ке го апсат. Секојдневието носи само агонија во константа, додека датумот за преговори „само што није закуцао на врата“! Каква ментална ј*бачина се дешава у Македонија, тоа го нема ни у Руанда Бурунди (а да не сме нешто бољи)!

Ама, „знаеш што“… па ептен е комплицирано, па ова, она.

Што е тоа што е комплицирано? Дали е комплицирано да излезе државниот (одоворен за тоа) тим и да каже што реално се случува. Чив заробеник е ситуацијата? Додека се вадиме на геополитика и контрола над државата од повисоки центри на моќ,  стратешките тајминзи се доведуваат во прашање а со самото тоа се случува и феноменот – купување време!

Кој и зошто купува време ако купува? Дали народов е анестезиран во менталниот коитус?

Една теорија (од мојот мал мозок) вели дека добивање датум за преговори е комплицирана ситуација со оглед на тоа дека треба да влеземе на свечената порта заедно со Албанија. Многу гласно се зборува дека Албанија во овој момент не ги исполнува условите, но Македонија не е ништо подобра, ама ќе добие. „Е, нека добие ако смее без нас“, вели Албанија. Дали треба некому да се црта дека ситуацијата „барабар или ич“ во моментов многу влијае на динамиката на решавањето проблеми, за да се биде оправдан секој „еxcuse“ на меѓународната заедница ако на крај ни рече најкултурно (а јас у свој стил) „а бе клошараано зелена, не можете да решите еден случај, а камо ли да ги исполните сите услови. Еден Боки ве дупи како сака“!  И со право ќе речат. Така ќе се реши „мирот“ во регионот, Албанија ќе чекаме да се оправа, а ние и нас ако не оправи Господ ОК, ако не, за тоа србите имаат една малце безобразна ама фантастична досетка:

„…коме је суѓено да га ј*бу, њему гаче саме падају! Хм! Па ние бездруго сме цело време со спуштени гаќи, уште од кога рековме ќе бидеме европјани, ама кога… е, да го е*ам!“

Кога сме кај теоријата дека треба да ја чекаме Албанија, ајде да видиме како ќе може да се изведе тоа купување време и како „на продужетци“ да играме за да сепак победиме па макар и со пола поен разлика. Еве како (симулација). Ако некој сака, одма ќе најде милион причини ова да потрае, а со уфрлување на „нови сомнителни личности“ кои ќе треба да го изодат патот на „притвор-митвор“, истрага, судење, жалба, апелација, врховен и на вујна ти чорапите. Ете ти неколку месеци. Паралелно, играта „оче – нече“ предвремени избори ке биде инструментализирано во зависност од динамиката на регионалниот „параход дали и како ќе залауфа“. Избори Албанија, Косово, нови фаци, страв од неизвесност на тие избори што под дифолт подразбира нови фаци и нови „мутења вода“ врз микро геополитиката. Во даден момент, а ако затреба  – „ајмо на предвремени избориии“. И ете! Од два до четири месеци „е*авање“! И Албанија средила ситуација, и на Косово нови фаци,.. а и ние сме биле „демократи“. КОЈА Ј*БАЧИНА. А ние ќе бидеме пак виртуози у правдање пред народ. Битно… ете нè бе у Европа!! 

„МА, НЕ ЛИПШИ МАГАРЧЕ ДО ЗЕЛЕНЕ ТРАВЕ“! Носи се бре у п*зду материну!

Ќе го јаде ли некој и зошто не? Ко онаа чаирскана небулоза „а бе дупиш ли нешто и зошто не“? Ќе го јаде во меѓувреме ситна боранија која нема да смее да се буни премногу за да не биде дежурен у кујната кај „Идриз-бег“ на подолг период од потребното. Така ке добиеме „Дуј Шеш“ ( фраза на табла) оти ке се покаже дека не е дека ептен ни е труло судството. Од друга страна, реалноста вели дека ако се оди брзо и до крај, нема да биде воопшто во прашање дали ке паднат многу звучни глави, туку колкав ке биде сериозниот земјотрес што ке ја задеси Македонија. 

Како би изгледала Македонија ако се прострат на балкон сите „прљави гаќи“?

Хм! Не се проблем гаќите, туку дали имаш други да се преслечеш. Бездруго знаеме дека нема машина за перење која може одеднаш да ги собере сите гаќи. Проблемот е во тоа што колку и да изгледа сурово и болно, разочарувањето ке праша има ли државата воопшто смисла! Има ли смисла веќе да веруваш во нешто? Има ли смисла да се бориш и веруваш ако дознаеш кој, колку и до каде ‘‘ти го начукал‘‘ за сиве овие години на патриотизам, за каузи, за свети идеали и за некаква иднина во која ке се удираме во гради и ќе извикуваме „МАЌЕДОЊАААА“! 

Ќе го јаде некој или ќе се заебааме? Аааааа?

А бе види, дека некој ке го јаде, ќе го јаде само „З‘ш  така требит“, ние ќе се заебааме барем уште едно две генерации додека не изумрат сите не изживеани политички мајмуни, додека сите оние по свет што побегнаа не ја пратат назад третата генерација да си изгради викендичка и да се сеќава дека „дедо му тука имал фабрика“, ама народот бил прост, не знаел да ги цени тие двесте евра што ги зимал. МРШ МОРЕЕЕЕЕ!!!!

А народот бе коњу један?! Да цркне ли?! 

Ма, „ич не се секирај за народот“ за него одамна има една фраза:

„СВЕ ЧЕ ТО НАРОД ПОЗЛАТИТИ… ПОПИТИ… АЛИ И ПОПУШИТИ“!

„Фала, нејќам пиво… деновиве не ми иде“, после викаат „оној пијаницата“. ( WINK… WINK…)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот