Казнети 181 возач за брзо возење

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле санкционирани 181 возач.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот