Казнети 149 пешаци, 134 за небезбедно преминување улица

Пешаци/ Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Во рамки на вчерашната сообраќајна контрола на територијата на Македонија спроведена од 08.00 до 13.00 часот, санкционирани се 149 пешаци од кои 134 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин, соопшти МВР информира дека во текот на вчерашниот ден.

За време на контролата се санкционирани и 106 други видови сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, наведува МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот