Кастриот Реџепи се огласи на Фејсбук и објасни зошто нема да дојде на седницата

кастриот реџепи
Фото: youtube/printscreen

Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, предмалку се огласи на својот Фејсбук профил. Тој објасни зошто одлучил да не с епојави на денешната седница на која треба да се гласа недоверба на Владата.

„Една од моите поголеми каузи на мојот политички субјект на кој му припаѓам било интеграцијата на земјата во ЕУ. Имајќи го во предвид политичкиот моментум по одложувањето на оставката на премиерот Зоран Заев,  за почит на процесите и јаките сигнали од стратешките партнери САД и ЕУ со кои комуницирам преку високи дипломатски претставници, дека во декември земјата има големи шанси за почеток на преговорите за членство со ЕУ, одлучив да не учествувам на парламентарната седница каде требаше да се одлучи да се стави под знак прашалник мојата стратешка национална и државна определба. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не ѝ треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати“, напиша Реџепи.

Само 60 пратеници се присутни во салата, Кастриот Реџепи од Беса никаде го нема

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот