Само 60 пратеници се присутни во салата, Кастриот Реџепи од Беса никаде го нема

Кастриот Реџепи
Кастриот Реџепи, БЕСА / Утрински брифинг

Само што почна собраниската седница за гласање на доверба на Владата, спикерот Талат Џафери побара пауза од 10 минути. Џафери ќе го повика потпретседателот на собранието, Фадил Зендели од Беса да ја води седницата за да не го бројат Џафери како присутен за кворум. Во салата се присутни само 60 пратеници од опозицијата. Фали пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи. Брифинзите од опозицијата се дека двата телефони на Реџепи се исклучени, а во двата стана нема никого.

Пратениците од владејачкото мнозинство не влегоа, што значи дека СДСМ и коалицијата тестот за новото мнозинство го прави преку кворумот.

Седницата се одржува во куполата, без прусуство на медиумите, бидејќи новинарите немаат пристап во таа сала. Објаснувањата се дека во пленарната сала „Македонија“ се вградува нов систем за гласање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот