Касами: Ќе протестираме ако не добиеме учебници, во тетовските училишта недостасуваат над 20.000 книги

Фото: Слободен печат

Учебната година е при крај, но во тетовските училишта според евиденцијата за Секторот за јавни дејности недостасуваат над 20.000 учебници.

Секоја година од Министерството за образование и наука се правдаат дека учебниците ќе стигнат, но во пракса не е така, вели градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

Подготвени сме да протестираме заедно со училишните одбори и родителите, вели тој.

„Во ова училиште на пример во „Лирија“ ако има потреба од околу 200 учебници по географија, ни одобруваат до 100 учебнци, не се дава и можност да се побара и да се даде вистинската потреба на учебници, а и временскиот период е краток. Пред мај е периодот за пријава, системот за пријава за недостиг на учебници е во ред, но реализијата не е како што треба. Оваа година ние знаеме дека нема да се добијат учебниците. Министерството објаснуваше дека е направен тендер, рекоа дека е избран па потоа рекоа дека не е избран, а еве како што гледате заврши годината пак учебници не се снабдени. Затоа ние ќе ги преземеме сите мерки следната година да не ни се повтори истото. Ние сме во комуникација со родителските и школските одбори, ако треба ќе поддржиме протест организиран од родителите“, рече Касами.

Самото Министерство го крши Законот за образование, велат од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово. Треба под итно институциите да ги преземат сите мерки за да не снабдат со учебници, ние сме пред крај на школска година и се` уште немаме учебници, што е тотално несериозно, додаваат од Секторот.

„Од почетокот на учебната година сме имале недостиг на учебници за нашите ученици во основните и средните училишта. Нашиот сектор заедно со градоначалникот имаа една средба со училишни одобори и родители каде направивме петиција која ја доставивме до Министерството за образование и наука каде се потпишаа над 5.500 родители и од Министерството ни беше пратен еден табелар каде тие самите прифаќаат дека недостасуваат 15.831 учебник во нашите училишта. Во Министерството за образование и наука отвораат еден систем каде училиштата можат да ги достават своите барања за потребите на учениците, но тој е само отворен одредено време. Според податоците што ги имаме ние како општина, се` уште во нашите училишта недостасуваат 20.000 учебници, тоа е законска обврска овие учебници да се обезбедат од Министерството, вели Назми Даути од Секторот за образование при Општина Тетово.

Градоначалникот Касами заедно со преставници од општината во Основното училиште „Лирија“ денеска донираа лектири за потребите на учениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот