Кардиолозите предупредуваат: Избегнувајте ги овие 9 намирници, можат да предизвикаат срцев удар

Profimedia
Фото: Профимедиа

За нашето срце да остане здраво што подолго, една од најважните работи е да внимаваме на исхраната и да се грижиме за начинот на живот. Најважно, советуваат кардиолозите, потребно е од секојдневната исхрана да се исклучи сѐ што може штетно да влијае на здравјето на нашето срце.

Како што пренесува „Prevention“, експертите предупредуваат на таканаречените „опасни“ намирници кои може сериозно да го оштетат здравјето на вашето срце и крвните садови доколку се јадат во прекумерни количини. Секако, секоја храна во умерени количини може да биде дел од здрава и урамнотежена исхрана. А со кои намирници точно не треба да се претерува, кардиолозите направиле список.

1. Помфрит

На 100 грама пржени компири има дури осум грама транс масти, кои не се супстанција од природно потекло, туку производ настанат со повеќекратно загревање на растителни масла. Транс мастите го зголемуваат холестеролот во крвта и на тој начин го зголемуваат ризикот од болести на кардиоваскуларниот систем, вклучително и срцев удар.

2. Црвено и преработено месо

Стековите, меленото месо и сланината се меѓу оние намирници кои негативно влијаат на здравјето на срцето. Имено, бактериите од дигестивниот систем ги апсорбираат аминокиселините од црвеното месо, со што започнува цел синџир на реакции кои на крајот го зголемуваат нивото на холестерол и ризикот од срцеви заболувања.

3. Пржена храна

Термичката обработка на висока температура создава големи количини транс масти, кои се едни од главните виновници за проблеми со срцето. Истражувањата покажуваат дека во Кина, каде месото обично се пече или вари, срцевите заболувања се јавуваат поретко отколку во земјите каде почесто се консумира пржена храна.

4. Пица

Едно парче пица содржи 10 грама масти, од кои 4,4 грама се заситени масти. Доколку не можете целосно да се откажете од оваа нездрава храна, ограничете се на барем едно парче неделно.

5. Бел леб

Редовното консумирање на храна богата со јаглехидрати како што е белиот леб, го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Високиот гликемиски индекс го зголемува нивото на шеќер во крвта, па врз основа на тоа научниците се сомневаат дека тоа е еден од честите први фактори кои доведуваат до срцев удар.

6. Корнфлекс

Омилениот појадок на повеќето луѓе го попречува и здравјето на нашето срце. Имено, експертите објаснуваат дека станува збор за брзи јаглехидрати полни со шеќер, кои предизвикуваат инсулинот во телото да дивее, со што сериозно го загрозува здравјето на срцето и крвните садови.

7. Сол

Понекогаш ни се чини дека солта не можеме да ја избегнеме бидејќи ја има во речиси секое јадење. Но, вишокот сол во организмот предизвикува оштетување и затнување на крвните садови, а кардиолозите препорачуваат да не се консумира повеќе од пет грама сол дневно.

8. Инстант супи

Како и повеќето други преработени производи, инстант супите содржат големи количини сол, што го зголемува ризикот од срцеви болести и инфаркт, откриваат експертите. Луѓето кои јадат инстант супи неколкупати неделно имаат речиси двојно поголем ризик од кардиометаболен синдром, што го зголемува ризикот од срцеви болести, дијабетес и мозочен удар.

9. Енергетски пијалаци

Сто милилитри енергетски пијалак содржи 30 милиграми кофеин. Ако испиете 300 милилитри, што е стандардна количина, ќе внесете 90 милиграми кофеин, што е отприлика како да сте испиле четири кафиња еспресо. Оваа доза кофеин може да предизвика тахикардија, а притоа овие видови пијалаци во никој случај не се препорачуваат за луѓе кои веќе имаат некакви проблеми со срцето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот