КАРАМАНЛИС прифатил двојна формула, а МАКЕДОНИЈА да го задржи уставното име за внатрешна употреба

Можела ли Македонија да го реши спорот со Грција без промена на уставното име?

Ова прашање се отвори по објавата на писмото кое во 2005. година, тогашниот грчки премиер Костас Караманлис му го испратил на американскиот претседател Џорџ Буш, а во кое изразува подготвеност неговата влада да ја прифати двојната формула, а Македонија да го задржи уставното име за внатрешна употребна без било какви уставни измени пренесува Канал 5.

Писмото го објавија од СИРИЗА само неколку денови пред парламентарни избори во Грција, а целта според нив е реално да се покаже хипокризијата на Мицотакис и обвинувањата на Нова Демократија дека Ципрас го „продал“ името Македонија.

Караманлис му пишал на Буш и дека тие нема да го спорат терминот „македонски“ а јазикот воопшто немало да биде дел од договорот, кој би се направил врз основа на тогашен предлог на медијаторот Нимиц. За писмото бил запознаен и тогашниот македонски премиер Владо Бучковски, а за содржината на истото разговарал директно со Буш во Белата Куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот