Капитените на Барселона одбиваат ново намалување на платите

Жерар Пике и Жорди Алба на тренинг на Барселона/фото: EPA-EFE/Toni Albir

Каталонскиот гигант ги доживува најтешките моменти во клупската историја, долговите изнесуваат околу 1,3 милијарди евра, претседателот Жоан Лапорта се обидува да ги реши проблемите, но неговите потези наидоа на отпор кај најискусните фудбалери кои одбиваат ново намалување на платите.

Лапорта одби да потпише договор со инвестицискиот фонд „ЦВЦ“ со кој ќе ги решеше сите проблеми, па сега мора да прави радикални чекори за да може да ја испегла финанската година до крајниот рок 30 јуни.

Според каталонските медиуми, Лапорта повторно побарал од фудбалерите да се согласат на ново намалување на платите и почнал од капитените Серхио Бускетс, Жерар Пике и Жорди Алба, и добил ладен туш.

Иако сите тројца фудбалери минатата година се согласија да им се намалат платите за 30 до 50 отсто, сега само Пике бил расположен да разговара за ново намалување, додека Бускетс и Алба го одбиле предлогот.

Бускетс смета дека нема потреба да му биде намалена платата бидејќи идното лето ќе ја напушти Барселона, додека Алба не сака ново намалување на платата откако минатата година се согласи на 40 отсто помали примања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот