Кандидатите Таравари и Османи со различни ставови околу тоа која политичка опција може да донесе промени во државата

Арбен Таравари / фото: скриншот

Копјата ги вкрстија во претседателски дуел кандидатите од коалицијата Европски Фронт, Бујар Османи и од коалицијата Вреди, Арбен Таравари на ТВ21. Кандидатот Таравари зборувајќи за својата одлука да се кандидира за претседател истакна дека Албанците чекаат промена и нова генерација политичари.

„Овој беше еден од мотивите, да донесеме промена а Албанците едвај чекаат историска промена бидејќи видете, 23 години на власт е претерано и мислам дека една нова генерација политичари заслужува да ја води државата и да и се даде можност. Гледам многу млади во нашите партиски структури кои имаат капацитети на кои треба да им се пружи шансата како што некој му го пружел на г. Османи и мислам дека јас заедно со мојот тим треба да и понудиме нешто на новата генерација кои можат да бидат подобри и поинаку“, порача Таравари.

Од друга страна пак, Османи порача дека луѓе кои биле 20 години опозиција, не може да донесат промена

„Овие се политиките кои ги трасиравме а што се однесува на промената, видете опозиција не може да бидат тие кои биле на власт последните 20 години, власт е и локалната власт и централната власт. Ние треба да споредиме што сме направиле годините кога сме биле на локална или централна власт или пак луѓето кои биле со функции во ДУИ 20 години, кои веќе се дел од опозицијата и се промовираат како промена, не можат да бидат промена“, вели Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот